Крул се правеше паметен, па му подари гол на Обамејанг (видео)

Пјер Емерик Обамејанг стигна до јубилејниот 50. премиерлигашки погодок во дресот на Арсенал, откако Габонецот го отвори резултатот на дуелот со Норвич. Тој имаше огромна помош од гостинскиот голман Крул, кој премногу компликуваше во шеснаесетникот, по што Обамејанг му ја одзеде топката и ја смести во празната мрежа.

Со ова, Обамејанг стана фудбалер што најбрзо стигнал до 50 премиерлигашки голови за Арсенал. За ова достигнување му беа доволни 79 средби, Тиери Анри стигна до истата бројка за 83 премиерлигашки натпревари во дресот на „топчиите“, а Јан Рајт одигра четири средби повеќе за да стигне до 50 гола за Арсенал.

Се вчитува...