Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се врати на првата позиција на АТП ранг листата. Иако не играше на ниту еден турнир, 20-кратниот Грен слем првак одново го прескокна Данил Медведев и го остави на второто место.
Поразот на рускиот ас на почетокот во Индијан Велс придонесе во кам-бекот на Србинот на врвот. Сега тој има 8.465 поени, а Русинот заостанува зад него со 8.445 поени.
Рафаел Надал го загуби финалето на турнирот во Калифорнија, но се врати на третото место, на сметка на Александер Зверев. Најголем скок направи токму победникот во Индијан Велс, Тејлор Фриц, кој сега е осми ас на светот.
Кај тенисерките има неколку промени на врвот. Ига Швјонтек со победата во Индијан Велс направи скок на втората позиција, а веднаш зад неа се најде Гркинката Марија Сакари. На врвот останува Ешли Барти од Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА