„Крвнички“ нокаут среде фудбалски натпревар (ВИДЕО)

Во тајландската трета лига, еден фудбалер доби отказ од клубот Бангкок откако среде натпревар нокаутира противнички играч. Супасан Руангупхаминит, го фаулираше Ноичабун, а овој ги загуби нервите и почна да го удира по глава.

Информациите од клубот се дека фудбалерот завршил во болница и раната му била сошиена со 24 конци.

Од клубот се оградија дека не поддржуваат вакви насилнички играчи во своите редови, па без размислување одлучиле да ја раскинат меѓусебната соработка.

 

 

 

Се вчитува...