Поранешниот премиер на Шпанија, Маријано Рахој, предизвика остри коментари, благо кажано, со контроверзна изјава против француската репрезентација.
Рахој изјави дека „Франција е одличен тим само уште да имаше и Французи во неа“.
Работите стануваат појасни ако се знае дека Рахој е поранешен лидер на крајно десничарска партија во Шпанија. И тој не е првиот што ги „таргетира“ црнокожите француски фудбалери за време на Светското првенство.
Пред него, истото го направи и парагвајската политичарка Селесте Амариља, која, меѓу другото, го нарече Мбапе „колонизиран Камерунец кој се преправа дека е Французин“, исмејувајќи ја неговата интелигенција.
Изјавата на Рахој предизвика големо внимание, толку многу што дури и премиерот на Шпанија, Педро Санчез, почувствува потреба да проговори и да ја осуди од највисоко место.
„Постојат такви кои сè уште проценуваат дали некој припаѓа на некоја земја врз основа на презимето, местото на раѓање или бојата на кожата. Други го проценуваат тоа врз основа на длабочината на врските со таа земја и нивната подготвеност да и возвратат – играјќи фудбал, грижејќи се за старите лица… Или започнувајќи бизниси. Шпанија им припаѓа на оние кои ја сакаат и работат за неа. Не на оние кои ја срамат со ксенофобични изјави. Франција, се гледаме во полуфиналето. Нека победи подобриот тим, а расизмот да биде поразен“, рече Санчез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
