Кудуз: Сите што ги прашав – ми кажаа се најдобро за Вардар

Анте Кудуз пристигна во Вардар од редовите на Динамо Букурешт, а хрватскиот интернационалец би требало да биде еден од лидерите на бековската линија на „црвено-црните“ во новата сезона.

Тој не го крие воодушевувањето што му се исполни сонот, да го облече дресот на двократниот европски шампион.

„Јас веќе кажав во една изјава пред извесен период, сонував еден ден да заиграм за Вардар, а сега тој сон ми стана јаве. Кога почнаа преговорите прашав неколку хрватски ракометари кои биле во Вардар, сите ми кажаа се најдобро за овој клуб. Чест ми е што сум тука, едвај чекам да почнеме со работа, да влезам во шема со тренерската филозофија и да почнам да прикажувам добри игри за мојата нова екипа“, изјави Кудуз.

Се вчитува...