„Кугарс“ не знаат за пораз, Јакимовски повторно двоцифрен (ФОТО)

Андреј Јакимовски и Вашингтон го забележаа и шестиот триумф во НЦАА лигата откако на домашен терен славеа над Монтана со убедливи 82-54. Вашингтон веќе на полувремето имаше позитива од 25 поени (46-21), а до крајот дополнително ја зголеми предноста.

Македонскиот репрезентативец повторно одигра солиден натпревар во кој за 35 минути поминати на паркетот постигна 10 поени со реализација 4/9 за два поени и 2/6 за три поени. Згора на тоа младиот играч додаде и седум скока од кои еден во нападот и две асистенции.

 

Се вчитува...