Кукоч: Чикаго можеше да стигне до титула и без Џордан

Поранешната ѕвезда за Чикаго, Тони Кукоч кој ги бранеше боите на тимот од Илиноис во периодот од 1993 до 2000 година верува дека неговиот тим можел да освои титула и без помошта на Мајкл Џордан.

Легендарниот хрватски кошаркар кој смета дека Булс имале доволно квалитет да ги добијат финалните натпревари во 1994 и 1995 година кога шампион беше Хјустон, а Чикаго беше сопрен во полуфиналето од подоцна вицешампионите Њујорк и Орландо, имаше и пофални зборови за Хаким Олајџувон.

„Мислам дека ќе го победевме Хјустон. Ги добивме сите натпревари против нив таа сезона, но сега е тешко да говорам на таа тема. Хаким Олајџувон беше на неверојатно ниво. По мое мислење тој е најдобриот центар во историјата. Имаше талент и вештина, а не само сила. Шекил О’Нил беше многу силен и мобилен за неговата големина, но со Олајџувон имаме посложен проблем. Кога прв пат го погледнав не знаев како ќе го сопреме. Тој беше многу брз играч“, изјави поранешниот играч на Чикаго.

Се вчитува...