Легендата на хрватската и југословенската кошарка, Тони Кукоч изминативе денови престојува во Белград на промоцијата на документарецот „Магична седумка“ на авторото Сабахудин Топалбечиревиќ кој ја обработува кариерата на еден од најдобрите кошаркари во поранешна СФРЈ.
Трикратниот освојувач на Евролигата и трикратен шампион на НБА најпрво беше дочекан со силни аплаузи и на натпреварот меѓу Партизан и Олимпијакос во Евролигата на кој присуствуваше, а ден потоа доби неверојатни овации на белградската премиера на документарецот.
Кукоч искрено се заблагодари на сите за доаѓањето, одржа и емотивно обраќање до публиката во Белград притоа не можејќи да ги сокрие и солзите радосници од приемот кој го доживеа во главниот град на Србија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА