Кулибали е горд „наполитанец“: Никогаш нема да заминам во Јувентус

Калиду Кулибали ги израдува навивачите на Наполи демантирајќи ги гласините дека е подготвен летово да го напушти клубот и да се пресели во Јувентус.

Сенегалецот влегува во последната година од договорот, преговорите за продолжување на соработката веќе извесно време се блокирани, а Јуве беше еден од најзагреаните тимови за ангажман на овој фудбалер. Сепак, Кулибали во изјава за весникот „Ил Матино“ јасно стави до знаење дека нема намера да се пресели кај лутиот ривал.

„Во едно сум сигурен, никогаш нема да заминам во Јувентус. Тоа нема да се случи“, порача Кулибали.

Се вчитува...