Кулибали го пропушта и реваншот против Барселона?

Сенегалскиот интернационалец Калиду Кулибали нема да биде подготвен ниту за реванш натпреварот меѓу Барселона и Наполи во осминафиналето во Лигата на шампионите, пренесуваат италијанските медиуми.

Тој веќе со месеци има проблеми со повреда на бутовите. Се чинеше дека се опорави на почетокот на февруари кога се врати на натпреварот против Лече, но успеа да ја обнови повредата и оттогаш не се врати во тимот на Наполи.

Тој го пропушти првиот натпревар против Барселона кој заврши без победник 1-1, а извори од клубот информираат дека нема да се ризикува со повредата и тој ќе мора да биде надвор од тимот и на реванш дуелот. Покрај мечот со Каталонците, тој ќе ги пропушти и натпреварите од Серија А против Вероина и СПАЛ, а се очекува да се врати на терените на 22. март.

Се вчитува...