Кулибали останува во Наполи до 2023 година

Италијанскиот калчолигаш Наполи го осигура потписот на сенегалскиот дефанзивец Калиду Кулибали до 2023 година. Тој одлучи да ја продолжи верноста кон „наполитанците“ откако доби значително зголемување на годишната плата. Во наредниот период, тој ќе заработува по 3,5 милиони евра по сезона, а претседателот Де Ларентис истакна дека нема намера да го продаде ниту за сума од 100 милиони евра.

за Кулибали постоеше голем интерес од Челси и од Манчестер јунајтед ова лето, но Наполи одолеа на сите понуди и го задржа одличниот одбранбен фудбалер. Тренерот Карло Анчелоти инсистираше тој да остане во Неапол и да биде еден од столбовите на тимот што заедно со Јувентус, Рома и Интер ќе се бори за највисок пласман и оваа сезона во Серија А.

Се вчитува...