Кулибали се враќа во Серија „А“

Милан Шкриниар деновиве треба да биде промовиран за нов фудбалер на ПСЖ. Словакот е договорен со францускиот тим уште зимоска, а ќе замине како слободен играч.

Во меѓувреме Интер бара замена, а наводно изборот паднал на Калиду Кулибали кој не добива минутажа во Челси, и е пред заминување од тимот. Со оглед дека Интер не планира да троши многу пари, ако не успее со целосен трансфер, тогаш веројатно ќе го позајми од „сините“.

Кулубали во минатото играше за Наполи, а на почетокот на минатата сезона отиде во Челси. Меѓутоа играше само епизодна улога, и сега е пред враќање во Серија „А“.

Се вчитува...