Кулибали уште пет години во Наполи

Сенегалскиот интернационалец Калиду Кулибали потпиша нов петгодишен договор со Наполи. Оваа вест ја потврди првиот човек на клубот, Аурелио де Лаурентис.

„Кулибали ќе остане уште долго во Наполи. Тој потпиша договор со клубот за наредните пет сезони, а одбивме понуда вредна 90 милиони евра за да си замине“, изјави Де Лаурентис.

Со ова се става крај на можноста Сенегалецот да го напушти Неапол во овој преоден рок. Тој беше трансферна цел на неколку големи европски клубови, пред се Манчестер јунајтед, Челси и Пари Сен Жермен. Но, Кулибали и во наредниот период ќе го носи дресот на „наполитанците“.

Се вчитува...