Култниот англиски клуб ги уништува напаѓачите девет години

Англискиот премиерлигаш Вест Хем веќе девет години не може да пронајде напаѓач кој ги исполни нивните барања. Од 2010 година клубот има доведено 37 напаѓачи, но ниту еден не се покажа како вистински избор. Сите 37 напаѓачи во последните девет години одиграле вкупно 920 натпревари, на кои заедно постигнале само 199 гола.

Најмногу голови постигнал Енди Керол 34, на 142 натпревари, а некои од напаѓачите немаат постигнато ниту еден погодок.

Списокот на напаѓачите на Вест Хем:

Паулиста, Петриќ, Кол, Гордон, Бориело, Зарате, Валенсија, Сако, Нене, Јелавиќ, Мартинез, Флечер, Калери, Заза, Арнаутовиќ, Хернандез, Хугиљ, Афолајан, Лукас Перез, Меккарти, Мидо, Илан, Барера, Пичоне, Обина, Демба Ба, Кин, Балдок, Монтенегро, Диксон, Мајнард, Вас Те, Мајага, Керол, Мегваер и Шамак.

Се вчитува...