Кулушевски е избран за трансфер на сезоната во Премиер-лигата

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло, Дејан Кулушевски е избран за најдобро засилување сезонава во англиската Премиер-лига.

Швеѓанецот во јануари месец премина од редовите на Јувентус во клубот од Лондон и според англиските медиуми е еден од главните фактори за освојување на четвртото место на Тотенхем во Премиер-лигата и обезбедување на место во Лигата на шампионите следната сезона.

Кулушевски од доаѓањето во Тотенхем запиша 18 настапи на кои постигна пет гола.

Се вчитува...