Кулушевски и Роналдо се супер – тандем во новиот Јуве на Андреа Пирло

Италијанскиот првак Јувентус на убедлив начин ја стартуваше одбраната на титулата во Серија А. Новиот тренер Андреа Пирло ја почна кариерата со убедлив триумф (3-0) над Сампдорија.

Кулушевски и Роналдо покажаа дека можат да бидат одличен напаѓачки тандем. Дебитантот го отвори резултатот со одличен погодок во 13.минута, токму на асистенција на Роналдо.

Во финишот, уште два гола за „старата дама“. Леонардо Бонучи во 78.минута зголеми на 2-0 по корнерот од десната страна, а на крајот и Кристијано Роналдо се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...