Кулушевски претставен во Јувентус – Пирло и Кристијано се неверојатни, едвај чекам да почнеме

Шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски денеска беше презентиран како нов фудбалер на италијанскиот шампион Јувентус. Тој на прес-конференцијата изјави дека едвај чека да почне новата сезона и да соработува со Андреа Пирло и Кристијано Роналдо.

„Среќен сум што конечно ќе почнам во Јувентус. Тука сум да освојам се. Пирло е неверојатен. Зборува со мене многу и ми помага. Чест е да се има таков човек за тренер. Кристијано е фантастичен дечко. Често разговараме и се надевам дека ќе ми помогне да напредувам во кариерата“, изјави Кулушевски.

 

Се вчитува...