Куман го донесе својот миленик: Договорен трансферот на Депај во Барселона

Барселона и Лион ги договорија сите детали околу трансферот на Мемфис Депај во каталонскиот тим, па наредниве денови се очекува и официјалната промоција на холандскиот фудбалер.

Според договорот, Депај ќе потпише договор со Барселона до јуни 2024 година, а Лион од трансферот ќе заработи вкупно 32 милиони евра.

Депај во Барселона доаѓа како желба на новиот тренер Роналд Куман, кој веднаш по назначувањето на клупата на Каталонците даде до знаење дека го посакува во своите редови.

Барселона на Лион треба веднаш да му исплати 25 милиони евра, а пет милиони евра ќе плати следната сезона. Францускиот клуб низ дополнителни бонуси ќе инкасира уште два милиони евра.

Се вчитува...