Куман го краде омилениот фудбалер на Мурињо

Барселона не ја стартуваше сезоната баш како што посакува. Иако во Лигата на шампионите има максимален учинок, во домашното првенство Каталонците се мачат и не прикажуваат добри игри на натпреварите. Роналд Куман не е задоволен особено од средниот ред на тимот, па затоа во јануари ќе се обиде на „Камп ноу“ да го доведе фудбалерот на Тотенхем Тангуј Ндомбеле.

По доаѓањето на Жозе Мурињо во Лондон, Ндомбеле немаше голема минутажа, но по одличните партии на почетокот на новата сезона тој стана стандарден првотимец. Ндомбеле во Тотенхем стигна минатата сезона, а досега за тимот запиша 28 натпревари на кои постигна три гола.

Цената на Ндомбеле на фудбалскиот пазар изнесува околу 50 милиони евра.

Се вчитува...