Куман го растура најефикасниот тандем во историјата на Барселона

Роналд Куман се чини дека ќе истрае на одлуката да не го задржува Луис Суарез во тимот на Барселона. Тоа доби потврда и со фактот што Уругваецот не беше на списокот за пријателскиот натпревар против Настик. Ако не го одработи остатокот од договорот, ќе биде урнато партнерството кое последниве шест години и носеше голем бенифит на Барселона.

Од првиот заеднички натпревар на Луис Суарез и на Лео Меси, „Ел Класико“ на 25 октомври 2014 година, тандемот стана најефикасната двојка во историјата на клубот. Во овие шест години Меси има постигнато 280 гола, а Суарез 198 што заедно се 478 гола од вкупно 907 на Барса во овој перод то е неверојатни 52,64 проценти или повеќе од половина што ја прави двојката процентулано најефикасниот двоец на каталонскиот тим.

Партнерството меѓу двјацата фудбалери се засилуваше низ годините. Тоа го потврдува и бројката на меѓусебни асситенции кои се зголемуваат во секоја сезона. Меси и Суарез се пријатели и соседи и нивната добра реалција секогаш беше од корист за Барселона. Ако клубот го послуша Куман, Меси кој и онака тешко ќе ја одработи оваа сезона со оглед на сите случувања меѓу него и Барслеона ќе треба да си бара нов партнер во нападот.

Се вчитува...