Куман ја продлабочи тензијата во Каталонија: Ако парите беа кај мене, Меси сè уште ќе играше за Барселона!

Контроверзниот тренер на Барселона, Роналд Куман, е свесен дека ги одработува последните денови на клупата на овој тим, но и покрај тоа се обидува да се спаси, а најдобар пат кон тоа е победа во големото дерби против Атлетико Мадрид.

Според него, вината за лошите игри на Каталонците не е негова, туку треба да се бара во немањето пари што, пак, приденесе Лионел Меси да го напушти клубот.

„Најлош мој момент за сите нас беше кога Меси си замина. Не знам дали евентуален нов тренер ќе извади повеќе од играчите кои се на располагање. Ако парите беа кај мене, Меси сè уште ќе беше тука. Притоа, ќе доведев и други играчи за да играме доминантен фудбал. Но, нашиот тим во моментов нема баланс. Имаме многу напаѓачи, а ни недостасува ефикасност. Атлетико Мадрид е способен да испрати еден шут во голот на противникот, да постигне гол и така да го добие натпреварот“, изјави Куман.

Последната лоша игра на Барса со која се прели чашата беше убедливиот пораз на гостувањето кај Бенфика (0-3), тим кој ги закова на последното место во групата во ЛШ со речиси минимални шанси за место во осминафиналето.

Се вчитува...