Куман: Меси има само еден клуб, не може да најде друга Барса

Барселона беше подобра од Валјадолид во натпреварот од 15-то коло во Ла Лига во вторникот вечерта и славеше со убедливи 3-0, а Аргентинецот Лионел Меси го постигна својот 644-ти погодок за Барселона, со што стана играч со најмногу голови за еден клуб во историјата на фудбалот. Тој ги престигна 643 погодоци кои Пеле ги постигна за бразилски Сантос.

По завршувањето на дуелот, за медиумите зборуваше и шефот на стручниот штаб на каталонскиот гигант, Холанѓанецот Роналд Куман.

„Често ме прашуваат за потенцијалното заминување на Меси од Барса, и секогаш велам дека тој е среќен тука. Лео е многу важен играч за нас и за нашата креативност. Можете да видите дека има добри играчи околу него, а Меси со нив може да дојде до многу титули“, изјави Роналд Куман по победата над Валјадолид, зборувајќи за шесткратниот освојувач на Златната топка.

Следниот натпревар на каталонскиот клуб ќе биде во домашното првенство, на 29 декември против Еибар на стадионот „Камп Ноу“.

„Направивме некои промени, како во одбраната, така и во средината. Ова беше добар натпревар, концентрацијата беше на ниво, така што создадовме добри можности. Педри е многу добар играч кога е во средината. Миралем Пјаниќ мораше да ја чека својата шанса, но ја искористи и одигра одлично. Помогна со топката, но и во одбраната. Овој победнички ритам треба да го одржуваме и практивуваме и во следните натпревари“, изјави тренерот на Барселона.

Се вчитува...