Куман: Меси на тренинзите беше вистински тиранин, со него нема глупирање

Тренерот на Барселона Роналд Куман отворено говореше за состојбата во Барселона, но и за други теми, а па пренесе делови кои се однесуваат на Лео Меси, соработката со него и ерата по неговото заминување во ПСЖ.

Во интервју за „Voetbal International“, Куман откри дека Меси на тренинзите бил вистински тиранин и дека мразел да губи во било која игра или вежба. Истакнува дека со својот карактер го извлекувал најдоброто од соиграчите.

„Меси беше фасцинантен, тој е вистински тиранин. Се чинеше дека сите се подобри само поради него. Тоа не е критика, тоа е факт. Знаев колку е добар, но секогаш е неверојатно да го гледате во живо. Знаеше да им влијае на соиграчите, беше совршен во се’ … препознаваше ситуации, примаше топка под притисок, трчаше со топката, завршуваше акции пред гол … Тоа навистина не е нормално. На тренинг, некои играчи често се шегуваа, шутираа од лесни позиции, се опуштаа. Меси никогаш не се глупираше. Секоја топка ја шутираше со голема сила, се беше функционално. Исто така, сакаше да освои се’“, заклучи Роналд Куман.

 

 

 

Се вчитува...