Куман: Меси ужива во фудбалот затоа што е роден победник

Барселона во деветто коло од Ла лига игра со Бетис. Каталонците не знаат за победа во шпанскиот шампионт од 1. октомври кога триумфираа над Селта Виго. Пред натпреварот со Бетис тренерот на Каталонците зборуваше околу желбата на првата ѕвезда Лионел Меси да го даде максимумот за тимот.

„Лео е голем фудбалер. Каде и да го ставиш да игра е неверојатен и прави разлика. Ужива во спортот бидејќи е роден победник. Можете да зборувате што сакате, но тој и понатаму има квалитет. Тој секогаш прави разлика и годинава е така“, изјави Куман. 

Мечот меѓу Барселона и Реал Бетис е закажан за во сабота во 16:15 часот.

Се вчитува...