Куман „нападнат“ од шпанските новинари: „Сега излегува дека јас сум најлошиот тука…“

На првата своја прес-конференција во пресрет на натпревар во Ла Лига, тренерот на Барселона, Роналд Куман беше „нападнат“ од страна на шпанските новинари за случувањата во клубот во последните 48 часа.

Начинот на кој замина Луис Суарез, реакцијата на Лионел Меси, и атмосферата во клубот беа тема на прес-конференција пред утрешниот натпревар на каталонскиот тим. А, бидејќи Суарез јасно нагласи дека е избркан затоа што новиот тренер не сметал на него, факт е дека и Куман има удел во целата негативна атмосфера.

„И сега излегува дека јас сум најлошиот во целата оваа приказна. Но, не е така. Јас искажав максимален респект во разговорите со Суарез и како личност и како играч. Му порачав дека ако остане ќе има тешка задача да игра, но секако ќе биде дел од изборот за првиот тим. Барселона имаше донесено неколку одлуки уште јас да потпишам договор, и јас само ги поддржав, но тоа не беа мои одлуки“ – истакна Куман, осврнувајќи се и на лутината која Лионел Меси ја искажа во својот пост на Инстаграм

„Не е никакво чудо Меси да биде тажен кога негов добар пријател заминува од клубот. Но, Лео е вистински пример за сите на тренинзите и натпреварите. Откако сум тука секојдневно покажува јасни сигнали дека сака успешна сезона со Барселона. Воопшто немам сомнеж дека повторно ќе биде најдобар на терен“ – вели Роналд Куман.

Се вчитува...