Куман насмеан пред новинарите: Да, се уште сум тренер на Барселона

Барселона никако не може да се опорави од финансиските потешкотии кои ги наметна пандемијата на коронавирусот, а тоа се одрази и на резултатите на почетокот на сезоната. Каталонскиот тим се наоѓа на шестото место во Ла Лига, а доживеа и два дебакли во Лигата на Шампионите од Баерн Минхен и Бенфика.

Како главен виновник за лошите резултати шпанските медиуми го посочија тренерот Роналд Куман и веќе ја „најдоа“ неговата замена, но холанѓанскиот стратег денеска имаше свое шоу на пресконференциајта пред мечот со Атлетико Мадрид каде насмеан говореше за неговиот стартус во клубот.

„Да, се уште сум тренер на Барселона“, низ смеа изјави Куман кој потоа продолжи. „Никој во клубот ми нема кажано ништо. Дознав дека претседателот Лапорта утрото бил во клубот, но јас не се сретнав со него. Знам дека многу луѓе говорат разни работи, но јас ви ја кажувам вистина. Немам разоварано со Лапорта“.

Се вчитува...