„Куман не би го довел ниту за економ, камоли за тренер“

Роналд Куман летово беше назначен за нов тренер на Барселона, а по неговото доаѓање веднаш отпиша неколку фудбалери од тимот. Навивачите беа најмногу шокирани кога Куман по телефонски разговор му порача на Луис Суарез дека веќе нема да смета на него и дека може да оди. Покрај Суарез клубот го напуштија и Ракитиќ, Видал, Рафиња, Семедо…

За холандскиот стратег ова не е првпат да направи нешто такво. Куман истата работа ја направи кога стигна во Валенсија и по доаѓањето веднаш отпиша неколку фудбалери. На овој период се сеќава и легендарниот Жоакин Санчез кој тогаш беше член на Валенсија, а викендов ќе се сретне со Куман како фудбалер на Бетис.

„Ако јас сум дел од раководството на Барса, не би го довел Куман ни за економ, камоли за тренер. Ние двајца своевремено многу работи си кажавме еден на друг. Во сабота нема да го поздравам, нема ни тој мене. Ме тренираше во Валенсија и тоа беше најлошиот период во мојата кариера“, изјави Жоакин.

Се вчитува...