Куман: Не ме напаѓајте мене, клубот реши да го избрка Суарез

Во Шпанија новиот тренер на Барселона, Роналд Куман беше посочен како главен виновник за напуштањето на тимот на Луис Суарез. Куман објасни како дошло до заминување на уругвајскиот ас, велејќи дека тој не е виновен за неговото заминување.

„Немав проблеми со Луис Суарез, но клубот смета дека мора да дојде до подмладување. Тој беше добар на тренинзите, но јас морав да му кажам какви се плановите на клубот. Тој тоа тешко го доживеа, бидејќи му реков дека минутажата не му е гарантирана. Можеше да остане и да се бори за место во првиот тим, но тој тоа не го сакаше. Јас лично немам никаква врска со неговото заминување“, изјави Куман. 

Уругвајскиот напаѓач по шест години поминати на „Камп ноу“ го напушти тимот и пред крајот на летниот преоден рок потпиша за Атлетико Мадрид.

Се вчитува...