Куман: Не очекувам ранет Реал Мадрид, една работа ќе биде многу важна

Тренерот на Барселона, Роналд Куман очекува тежок натпревар против Реал Мадрид во првото „Ел класико“ сезонава. Кралевите ќе му гостуваат на големиот ривал по двата порази од Кадиз во Ла лига и Шахтјор во Лигата на шампионите.

„Фудбалерите на двата тима имаат големо искуство. Не очекувам ранет Реал Мадрид, баш напротив мислам сигурен сум дека нема да им недостастасува мотивација. Нашиот ривал има многу голем квалитет. Многу ќе биде важно дали ќе им игра Рамос, тој значително влијае на играта на Реал Мадрид. Се надевам дека ќе можам да спијам вечерва. Ова е натпревар во кој притисокот е далеку поголем од било кој друг меч. На крајот мислам дека ќе одлучат деталите“, изјави Куман. 

Првото „Ел класико“ сезонава ќе се игра утре на „Камп ноу“ со почеток во 16 часот.

Се вчитува...