Куман: Не сме на потребното ниво

Барселона одигра реми (1-1) со Севилја на „Камп Ноу“ во дуелот од третото коло во шпанската фудбалска Ла Лига. Тренерот, Роналд Куман вели дека до извесна мерка сепак е задоволен од изданието на неговиот тим.

„Поради притисок некако ја закомпликувавме играта. Не сме на нивото на кое посакуваме. Ова беше тежок натпревар против физички многу силен тим. Не бевме добри со топката, имавме многу грешки во првото полувреме, но затоа пак имавме и одлични шанси“ – рече Куман по натпреварот.

Барселона на пауза за дуелите на националните тимови оди со две победи и едно реми по трите одиграни кола  и како петтопласирана на табелата со три бода помалку од лидерот Реал Мадрид.

 

 

 

Се вчитува...