Куман објасни зошто го оставил Меси на клупа

Роналд Куман изненади многумина со одлуката да го остави Лионел Меси на клупата за натпреварот со Бетис. Но, по оние 1-1 на полувремето веднаш го уфрли во игра и потоа се се промени на теренот, завршувајќи со убедлива победа за Барселона од 4-2, токму на крилјата на Аргентинецот.

По натпреварот, очекувано, Куман не можеше да ги избегне прашањата зошто Меси не го стартуваше натпреварот.

„Имаше мала незгодна повреда по мечот со киевски Динамо, и одлучувме дека ќе биде на клупата а ќе игра само доколку има потреба. Нема сомнеж дека сигурно ќе играше од почеток ако беше потполно подготвен. Многу добро знаеме е што значи за екипата и тоа се виде веднаш кога влезе во игра“ – истакна Куман.

Се вчитува...