Куман останува тренер уште три дена…

Барселона нема да му врачи отказ на Роналд Куман во следните 48 часа без оглед на најновото фијаско во Лигата на Шампионите со поразот од Бенфика.

Претседателот Жоан Лапорта донел одлука Холанѓанецот да добие уште една шанса, и тоа на големото дерби со Атлетико Мадрид што е закажано за сабота навечер.

Куман останува тренер на Барселона уште најмалку три дена, но каталонските медиуми најавуваат дека репрезентативната пауза ќе донесе тренерска смена на „Камп Ноу“. Главен кандидат останува екс-капитенот Чави, а „план Б“ е белгискиот селектор Роберто Мартинез, кој би можел да го напушти кормилото на „црвените ѓаволи“ за да седне на клупата на Барса по завршницата на Лигата на Нации закажана за почетокот на месец октомври.

Се вчитува...