Куман откри зошто ја одби Барселона

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација, Роналд Куман, потврди дека раководството на Барселона го контактирала по раскинот на договорот со Ернесто Валверде. Каталонскиот гигант на почетокот на јануари го избрка Ернесто Валверде, а на негово место дојде Кике Сетиен. Во тој период се шпекулираше дека на клупата на тимот од „Камп ноу“ може да седне и Роналд Куман.

„Да, ме повикаа. Но, им реков дека одговорот е не бидејќи ја водам репрезентацијата на Холандија. Едноставно не беше право време за таков потег“, изјави Куман. 

Куман претходно отворено говореше дека има клаузула во договорот со Холандската фудбалска федерација во која стои дека тој може во било кој момент да го раскине договорот со „лалињата“ за да прејде во редовите на Барселона.

Се вчитува...