Куман по ремито со Кадиз: Лапорта ќе одлучува дали ќе си заминам

Роналд Куман е на чекор до отказ од Барселона откако и во вчерашниот натпревар против Кадиз (0-0), каталонците повторно не успеаја да ги освојат трите бода, а медиумите во Шпанија велат дека истиот ќе биде и последен за Холанѓанецот.

Тренерот на Барселона по мечот изјави дека не сака да разговара за својот статус и одлуката ќе падне на претстадателот на клубот, Жоан Лапорта.

„Не сакам да го анализирам мојот статус. Сакам да говорам за тимот, за сјајното однесување и посветеност. Што е до мојата иднина, разговарав со претседателот пред малку. Најверојатно повторно ќе разговараме во следните денови, ако воопшто сака да разговара“, изјави Куман.

Се вчитува...