Роналд Куман, поранешниот тренер на Барселона, призна дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси на неславен начин го напуштил каталонскиот клуб во 2021 година.
Меси ја напушти Барселона поради тешката финансиска состојба во која се наоѓаше Барселона во 2021 година во период кога на клупата на каталонскиот клуб седеше холандскиот стратег Куман. Холанѓанецот наводно добил уверување дека славниот напаѓач ќе остане на „Ноу Камп“, но веќе следниот дел следувал „шок“ и заминување.
„Претседателот на Барселона Лапорта ме излажа. Ми рече дека утре ќе биде потпишан нов договор со Меси, а Аргентинецот следниот ден замина од клубот. Тој не заслужи да замине на таков начин. Многу работи беа против мене. Кога претседателот се сомнева во вас, тогаш има проблем. Меѓутоа, кога би имал шанса да се вратам, би го направил тоа. Ја сакам Барселона“, изјави Куман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА