Куман провоцира, Зидан го „кулира“

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан призна дека му пречи коментарот на неговиот колега од Барселона, Роналд Куман, кој оцени дека Еибар е оштетен од пенал на мечот против „кралскиот клуб“.

Викендов Мадрид славеше со 3: 1 на гостувањето кај Еибар. Домашниот тим бараше пенал во 81. минута за играње со рака на Серхио Рамос, но судијата не сакаше да се консултира со „ВАР“ и реши дека нема основа за пенал.

Подоцна, тренерот на Барселона коментираше за ваквиот развој на настаните, нагласувајќи дека девет од десет судии ќе се решат за досудување на пенал.

„Мене ми пречи кога луѓето зборуваат за судиите. Секако. Никогаш не зборувам за нивните одлуки затоа што знам колку им е тешка работата. Ниту за зборовите на Куман нема да кажам ништо. Фокусиран сум само на следниот натпревар “, изјави Зидан.

‘Кралскиот клуб’ во среда ќе игра против Гранада.

„Ова е тим кој има добра сезона, свесни сме за тоа. Нема лесни натпревари во оваа Ла лига, знаеме дека ќе биде тешко против Гранада “, додаде Зидан.

На крајот, Зидан го коментираше и враќањето на Икер Касилјас во Реал.

„Знаеме колку Икер значи за овој клуб. Добрата вест е што тој се врати. Среќен сум за тоа “.

Се вчитува...