Куман: Се слушнав со претседателот, се е во ред

Атлетико Мадрид ја продлабочи кризата на Барселона откако во осмото коло од Ла Лига славеше со 2-0 благодарение на головите на Томас Лемар во 23. минути и Луис Суарез во 44. минута од мечот.

Пред натпреварот шпанските медиуми пишуваа дека овој натпревар ќе биде „да се биде или не“ за холандскиот тренер на клупата на Барселона, но откако претседателот на клубот, Жоан Лапорта ги смири страстите со изјава дека Куман останува по секоја цена, и стратегот беше во добро расположение.

„Се слушнав со претседателот во петокот и саботата. Сакав јасно да ми каже каков е мојот статус и по тоа прашање сега сум задоволен. Претседателот збореше со своите луѓе, донесе одлука и тоа е прекрасно. Сигурен сум дека ќе бидеме подобри бидејќи ни фалат многу играчи. Моментално играчите за врска играат на крилните позиции. Имаме многу проблеми и можеме да бидеме подобри“.

„Пред нас е репрезентативната пауза по која играме три натпревари дома. За нив ќе се вратат Алба, Дембеле и Агуеро со кои ќе бидеме поопасни. Свесен сум дека во Барселона мораш да имаш резултати, но оптимистичен сум за тоа што доаѓа. Постои притисок, но тоа е нормално за клуб како Барса“, изјави Куман.

Се вчитува...