Куман: Не можам да поверувам како загубивме

Барселона игра очајно на стартот од новата сезона. Целата ситуација околу Лионел Меси и управата го раздрма клубот на секоја основа. Тие синоќа забележаа нов пораз во Ла лига овојпат на гостувањето кај Кадиз, а Роналд Куман повторно не се снајде најдобро во меч во кој неговиот тим има негатива.

Барселона во моментов се наоѓа на 7. позиција на првенствената табела со 14 бода, односно огромни минус дванаесет од лидерот Атлетико Мадрид.

„Имавме посед и напаѓавме, но не бевме доволно сконцентрирани да ја завршиме акцијата. Тие ја казнија нашата грешка, а ќе повторам дека секогаш е тешко кога противникот ќе поведе. Не можам да поверувам како загубивме, како го примивме тој втор гол, тоа е грешка што никако не смее да биде направена. Не постои начин на кој може да се оправда таква грешка“, изјави Куман.

Се вчитува...