Куман со критики за Меси – „Не е тоа добро…“

Барселона го одигра првиот пријателски натпревар по завршувањето на „сагата“ околу останувањето на Лионел Меси во клубот. Првиот меч на клупата на каталонскиот тим го имаше Роналд Куман кој отворено рече дека се уште не е задоволен од аргентинскиот ас.

„Покажа дека има волја како првиот ден, добро тренираше и во текот на слободните денови, но тоа не е добро. Мора, едноставно мора да ја поправи физичката подготвеност“, изјави Куман. 

Барселона во пријателски натпревар славеше над Гимнастик со 3-1, а стрелци на головите за Каталоните беа Дембеле, Гризман и Кутињо.

Се вчитува...