Куман со последната изјава потврди зошто не е тренер за Барселона

Барселона не успеа да слави ниту на денешниот дуел со Валенсија, уште повеќе губејќи го чекорот со водечките екипи во Примера Дивизион. Очигледно е дека Куман не успева да најде начин да го извлече максимумот од својата екипа, а холандскиот стратег со изјавата дадена по мечот само потврдува зошто не е тренер што треба да води тим како Барселона.

Каталонскиот гигант во последните петнаестина години е препознатлив по извонредниот офанзивен фудбал, но Куман вечерва ги критикуваше своите фудбалери дека играле премногу напаѓачки откако повеле со 2-1. Барса секогаш игра на гол повеќе, тоа е стилот на игра со кој каталонците собраа милиони приврзаници низ годините, но на Куман очигледно тоа не му се допаѓа.

„Ме чуди што моите фудбалери не ја смирија играта откако поведовме со 2-1. Продолжија да напаѓаат, примивме гол и освоивме еден наместо три бода. Мораме да научиме да играме и дефанзивно“, ги искритикува Куман своите играчи.

Се вчитува...