Куманово преку Кожув до прва победа сезонава

Кошаркарите на Куманово стигнаа до првиот триумф сезонава во домашниот шампионат, откако во меч од 3. коло на домашен терен славеа против гевгелиски Кожув со 92-78.

Првата четвртина приреди израмнета игра на двете страни, а домаќините по десет минути имаа само два поени предност (21-19). Кумановци одиграа неверојатно во вториот период во кој постигнаа дури 28 поени и на полувреме заминаа со предност од плус петнаесет (49-34).

Во вториот дел Кожув немаше сила да приреди вистинска сензација и да се врати во мечот иако одигра егал 20 минути. Куманово го исконтролира мечот и на крајот стигна до заслужена победа од 92-78.

Јузбашиќ со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Недоволни беа 27 поени на Гордон.

Се вчитува...