Кошаркарите на Куманово славеа над Работнички со 90-73 во последниот домашен меч оваа сезона, во која „сино-белите“ не ги оправдаа очекувањата откако не успеаја да се пласираат во плејофот, па сезоната ја завршија во плејин-натпреварувањето. Денешниот пораз не е никаква трагедија ниту за Работнички, ако се знае дека „центарци“ уште со поразот на Феникс го осигураа суперлигашкиот статус за следната сезона.
Денешниот натпревар мина во целосна контрола на домашниот состав, кој уште во првата четвртина стигна до двоцифрена предност (25-15), што дополнително ја зголеми до крајот на полувремето (53-37). Убедливото водство беше рутински задржано до самиот крај, за победнички печат на оваа турбулентна сезона во таборот на „сино-белите“.
Стевановиќ беше одличен реализираше 26 поени, осум асистенции и 7 скокови, Урош Луковиќ стигна до дабл-дабл со 15 поени и 13 скокови, додека кај Работнички блескаше центарот Рикиќ со 30 поени и 11 скокови.
ПЛЕЈ-АУТ
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
Ангели – Гостивар 80:94
Чаир 2030 – Феникс 2010 76:63
МКК Куманово – Работнички 90:73
ТАБЕЛА
1.МКК Куманово 26 14 12 2140:2061 40
2.Чаир 2030 26 13 13 2112:2175 39
3.Работнички 26 11 15 2159:2123 37
4.Феникс 2010 26 9 17 2049:2117 35
5.Гостивар 26 8 18 1961:2084 34
6.Ангели 26 2 24 1666:2296 28
ИДНО КОЛО
Работнички – Ангели
Феникс 2010 – МКК Куманово
Гостивар – Чаир 2030
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

