Кумановци со порака: Остани дома, здравјето е заедничка одговорност

Кошаркарите на КК Куманово се вклучија во кампањата „Остани Дома“, испраќајќи порака за ограничување на движењето како главна заштита од ширење на коронавирусот.

Македонските кошаркари од таборот на Куманово, Горјан Марковски, Оливер Двојаковски, Миодраг Тодоровиќ и Андреј Цветковски, позираа со пораки до своите приврзаници, но и до целокупната јавност, што повеќе време да се минува дома, бидејќи здравјето е заедничка одговорност.

„Заедно да го победиме вирусот“, порачаа кумановци, кои и со подмладен состав повторно обезбедија пласман во плејофот, но како што стојат работите нема да ја играат Супер-лигата бидејќи целокупниот кошаркарски шампионат ќе биде откажат токму поради ширењето на коронавирусот.

Се вчитува...