КУП 1/4 ФИНАЛЕ: Струга Т.Л., Силекс и Македонија ЃП во полуфиналето по изведување на пенали! (ВИДЕО)

Силекс, Струга Трим Лум и Македонија ЃП се победници на денешните три натпревари во 1/4 финалето од Купот на Македонија. Сите три тима по изведувањето на пенали ги елиминираа своите противници Брегалница, Шкендија и Шкупи, со што се вмешаа во битката за трофејот.

Силекс и Брегалница одиграа 1:1 во регуларниот дел од средбата. Двата гола паднаа во вториот дел. Штипјани поведоа преку Ѓокиќ, а израмни Каланоски.

Силекс имаше повеќе среќа во пенал рулетот. По еден промашен пенал на двете страни во петте серии, а потоа во шестата Силекс реализираше, а промаши Алтипармаковски за голема радост на Силекс.

Македонија ЃП и Шкупи одиграа интересен меч на кој недостасуваа само голови, инаку имаа шанси и двете екипи уште во регуларниот дел да го решат победникот.

Во пенал рулетот Македонија ЃП ги реализираше сите четири пенали колку што изведе, додека Шкупи не реализираше два од три пенали. Во првата серија ударот на Радески му го одбрани Стевковски, а потоа и Алварез шутираше над голот, со што со конечен триумф од 4:1, „лавовите“ се пласираа во полуфиналето.

Шкендија доминираше во текот на целиот меч со Струта Т.Л., но не го најде патот до голот во регуларните 90. минути. А, тетовци можеа да бидат казнети на стартот од вториот дел кога стружани имаа чиста прилика за гол.

Шкендија испадна од Купот на Македонија по пенал рултетот откако Струга Т.Л.  реализираше четири од пет удари, додека Шкендија промаши два пенали во серијата.

Дуелот Пелистер – Вардар ќе биде одигран на 15. декември.

Се вчитува...