Куп на ОФМ: Без изненадувања во полуфиналето

Во финалето на одбојкарскиот Куп на Македонија очекувано силите ќе си ги одмерат Универзитет во Тетово и Џио Струмица откако фаворитите денеска ја оправдаа улогата во полуфиналните средби.

Во првиот меч кој се одигра од 16 часот, Унивезитет во Тетово славеше со 3-0 против Шкендија. Тетовчани првиот сет го добија со „сигурни“ 25-14, во вториот беа уште поубедливи со 25-12, додека Шкендија успеа да одигра подобро во последниот сет (25-21), но недоволно за ублажување на поразот.

Џио Струмица без многу потешкотии славеше над Вардар. Струмичани првиот сет го добија со 25-14, во вториот славеа со 25-17, додека во третиот резултатот гласеше 25-16.

Финалниот натпревар е во етерот в недела со почеток од 18 часот. Како потсетување Купот на Македонија се игра во салата „Парк“ во Струмица, но без присуство на публика.

Се вчитува...