Куп на Шпанија: Басконија е пресилна за Нено и Хувентуд

Настапот за Нено Димитријевиќ и Хувентуд во Купот на Шпанија завршува во четвртфиналето како „зелено-белите“ забележа пораз од фаворизираната Басконија со 96-87. Tимот од Виторија иницијативата ја превзема на самиот старт на натпреварот па по десет минути игра на семафорот стоеше предност од 28-17. До крајот на натпреварот Хувентуд постојано „бркаше“ негатива и не успеа да направи комплетен пресврт.

Македонскиот репрезентативец натпреварот го заврши со осум поен, од коои шест во првата четвртина, со само едно промашување од поле (4/5), а додаде и две асистенции за 12 минути поминати во игра. По денешниот дуел Димитијевиќ се очекува да патува за Македонија каде треба да се приклучи на припремите за престојните евроквалификациски дуели.

Се вчитува...