Куп на Шпанија: Реал непоразен на „Камп Ноу“, финалистот ќе се решава во Мадрид

Барселона и Реал Мадрид одиграа 1-1 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Шпанија. 239. издание на „Ел Класико“ заврши со реми. Патникот во финалето ќе се решава на реваншот кој е закажан за 27.февруари на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

„Кралевите“ поведоа во седмата минута на дуелот со погодокот на Лукас Васкез. Тој одлично се снајде во шеснаесетникот на каталонскиот тим и проигрувањето од десната страна го претвори во водечки гол.

Бразилецот Малком доби место меѓу стартерите пред Лионел Меси, кој се жалеше на повреда на мускулот, и ја искористи за дебитантски гол на „Ел Класико“. Во 57.минута успеа да реагира на одличен начин и со малку повеќе среќа ја спроведе топката на вистинското место.

Во игра влезе и Лионел Меси, но и Герет Бејл во тимот на Реал Мадрид, и двајцата имаа убави можности да донесат триумф. Сепак, не беа прецизни.

Се вчитува...