Куртоа го запре Барди, Реал го победи Леванте

Енис Барди и Леванте не успеаја да го повторат ланскиот подвиг кога го совладаа Реал Мадрид, откако попладнево загубија од актуелниот првак на Шпанија со минимални 0-2.

Цврстата одбрана повторно беше главна одлика на „кралевите“, кои на голот го имаа одличниот Куртоа, голманот кој во неколку ситуации ги запре домашните фудбалери во обидите да ја затресат неговата мрежа. Винисиус беше стрелец на единствениот погодок, во вториот дел меѓу стрелците се запиша и Серхио Рамос, но голот на капитенот на „кралевите“ по долго разгледување со ВАР беше поништен поради офсајд. Конечните 0-2 во судиското продолжение ги постави Бензема од контранапад, откако Леванте тргна во тотална офанзива во обид да стигне до израмнувачки погодок.

Барди беше меѓу најдобрите поединци на теренот, имаше неколку одлични шутеви, но не успеа да го совлада Куртоа, кој беше најзаслужен за овој триумф на „кралевите“.

Се вчитува...