Куртоа и Марсело го пропуштаат реваншот со Манчестер Сити

Тибо Куртоа и Марсело ќе го пропуштат реванш натпреварот во осминафиналето во Лигата на шампионите, во кој Реал Мадрид ќе му гостува на Манчестер Сити. Голманот на „кралевите“ на мечот со Реал Бетис го повреди мускулот на левата нога. Ова е голем удар за Реал бидејќи Куртоа беше еден од најдобрите поединци на последното „Ел класико“ кое клубот од „Сантијаго Бернабеу“ го доби со 2-0.

Зидан на мечот со Манчестер Сити нема да може да смета и на Марсело кој се соочува со истата повреда како и белгискиот голман. Тој исто така на мечот со Бетис заработи повреда поради која ќе мора следните две недели да биде надвор од терените.

Покрај натпреварот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите Кутоа и Марсело нема да можат да му помогнат на својот тим ниту на мечот против Еибар во Ла лига.

Се вчитува...