Куртоа: Не ми е првпат да примам гол низ нозе…

Челси загуби со 3-0 од Барселона и е елиминиран од ЛШ, а најголемиот сеир го доби голманот Тибо Куртоа, со оглед дека Лионел Меси двата гола му ги даде низ нозе. По мечот, разочаран поради елиминацијата, тој вели дека не му е првпат да прими таков гол.

„Имам играно многу пати против Меси и веќе сум примил таков гол од него. Не ми е првпат да примам таков гол низ нозе. За висок голман како мене, тоа е веројатно и најслабата точка. Знам дека е разочарувачки, но мораш да бидеш храбар и да кажеш дека си направил грешка. Ние примивме четири гола од Барселона по наши грешки. Така не може да се елиминира таков квалитетен тим“, изјави Тибо Куртоа.

Се вчитува...